Бразилската супермоделка Жизел Бундшен ретко настапува на модните ревии во последниве сезони, но кога во февруари се појави како гостинка на ревијата на „Баленсијага“ во Париз, беше тоа предзнак дека ќе биде назначена за заштитно лице на брендот. И еве го првиот поглед на новата рекламна кампања за есен-зима 2014/15 со Жизел со малку поинаков изглед – наместо бујната лелеава коса стилистот се одлучил за фризура со ефект на кратка коса. Фотографијата е на Стивен Клајн, а креативниот директор на брендот Александар Ванг за изборот на Жизел вели: „Вака ја гледам Жизел Бундшен, силна, моќна, мистериозна и бескомпромисна“.
Нема коментари