Бразилската супермоделка Жизел Бундшен можеби официјално се зборува со настапите на модни ревии, ама нејзината модна кариера продолжува. Тешко дека некогаш дефинитивно ќе се откаже од кариерата на манекенка, а веројатно ќе продолжи со ангажманите во модни кампањи и со фотосесиите за големите магазини. Еве ја на насловната страница на мајскиот број на бразилски Vogue, во поза на античка божица како им позира на фотографите Инез Ван Ламсверде и Винод Матадин. Со овој број триесет и четири годишната манекенка слави две децении кариера во модата, но слави и магазинот Vogue цели 40 години од лансирањето на бразилското издание. Досега е отркиена само насловната и една фотографија од едиторијал на која Жизел е во када, а темата на целиот се четирите елементи – земја, оган, вода и воздух – кои ќе бидат преставени преку различни едиторијали со Жизел.
Нема коментари