Славната бразилска супермоделка и заштитно лице на брендот H&M, откако во минатата сезона ја пееше легендарната All Day and All Night на групата „Кинкс“, повторно се фати за микрофон и како дел од кампањата на брендот за лето 2014 ја избра Heart of Glass, песна што оригинално ја испеа Деби Хари за „Блонди“ во 1978 година.. Еве го трејлерот за песната на која Жизел работеше заедно со познатиот диџеј и продуцент Боб Синклер. Наскоро ќе се појави и официјален видеоспот, а песната ќе се најде на летниот музички албум во издание на H&M.
Нема коментари