Бразилскиот супермодел Жизел Бундшен е новото заштитно лице на на култниот парфем Chanel N°5, јавува WWD. Таа е новото име додадено во ѕвездената лица на носечки лица во кампањите на парфемот на „Шанел“, меѓу кои се и Кетрин Денев, Никол Кидман и Бред Пит. Жизел соработува со француската модна куќа на неколку кампањи на нивите козметички птоизводи.
Новата реклама ќе ја сними австралискиот режисер Баз Лурман, познат по филмовите „Ромео и Јулија“, „Мулен Руж“, „Големиот Гетсби“ и други. Тој соработуваше со „Шанел“ на рекламат за истиот парфем во 2004 година, кога носечко лице беше Кидман. Новото видео ќе биде промовирано до крајот на годината.
Парфемот Chanel N°5, го промовирала лично Коко Шанел во 1921 година,аенапревен по формула на француско-рускиот хемичар Ернест Беу… Низ годините бил омилен на повеќе холивудски и музички ѕвзеди, но најпознат е како фаворит на Мерилин Монро, која на прашањето, „што носи в кревет“, изајавила “само пет капки од Chanel N°5“.
Нема коментари