Супермоделот Џиџи Хадид ќе стане мајка, така вели сајтот TMZ на основа на свои извори. Според непотврдени информации, Џиџи е во 20-тата недела од својата бременост, а се очекува многу скоро веста да ја потврдат манекенката и нејзиниот парнер Зејн Малик.
Џиџи и Зејн имаат комплицирана врска, од 2015 година наваму манекенката и музичарот повеќе пати раскинувале и се миреле. Но се чини дека сега се во стабилна врска, а самата Џиџи во февруари годинава изјави дека како станува постара, повеќе размизлува за оформување семејство и не знае дали целиот живот ќе се занимава со манекенство.
На 23 април Џиџи го прослави својот 25-ти роденден на семејниот ранч во Пенсилванија, заедно со Зејн и најблиските. Од објавите на Инстаграм од роденденот, кај Џиџи како да се забележува заоблено меше, нели?
Нема коментари