Допир на луксуз за секоја дама е мотото на германскиот козметички бренд ZEENA, кој сега е достапен кај нас, а нуди вегански производи за шминкање по прифатливи цени
Во убавиот амбиент на ресторанот ABC by Ria беше промовиран новиот бренд ZEENA, кој веќе пристигна во нашата земја и е дел од најголемата германска брзорастечка компанија за декоративна козметика.
Брендот ZEENA, чија мисија е – убавина за сите, ја демократизира убавината, нудејќи радост и можност, секоја дама да ја искуси оваа квалитетна козметика.
Помеѓу многуте гостинки беа присутни и модната дизајнерка и професорка Лидија Георгиева, актерката Амернис Нокшиќи, препознатливите тв лица Живкица Каленикова, Јована Стојменовиќ, Јелена Спенџарска, Билјана Дебарлиева, Татјана Стојановска, Ирена Спировска, инфлуенсерки и претставнички од медиумите, кои уживаа во тестирање на новата козметичка линија.
Во неформално дружење, присутните имаа прилика да ги откријат елегантната есенција и светлечкиот сјај на ZEENA, бренд дизајниран во 2020 година од експерти, чиј приоритет е вистинската страст за козметика во која дамите се чувствуваат природно и убаво.
ZEENA е инспирирана од реалните потреби на жените за производи со допир на луксуз.
Козметичкиот бренд е направен од висококвалитетни формули и според ценовно ниво достапно за сите, обезбедувајќи можност секој да ја доживее радоста на квалитетната козметика.
Допир на луксуз во секој детаљ: од формулација на пакувањето, до квалитетот на самата веганска козметика како врвен приоритет, која не е тестирана на животни.
Нема коментари