Манекенката Џорџија Меј Џегер ја презеде улогата на заштитно лице од Кара Делевињ и за првпат се најде во рекламна кампања за британскиот бренд Mulberry со фотографии на дуото Инез и Винод. Ќерката на Џери Хол и Мик Џегер позира во стара селска британска куќа додека носи облека од колекцијата пролет-лето 2015 стилизирана во бохо-стил и ги промовира чантите Mini Cara и Delphie, познати модели на чанти на брендот Mulberry.
Нема коментари