Францускиот институт во Скопје Ве кани на гастрономскиот настан „Вкуси ја Франција“, кој што ќе се одржи в сабота, 10 јуни 2023, со почеток во 12 часот, на Школка во Градски парк во Скопје.
Настанот, во 12 часот, свечено ќе го отворат г-ѓа Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје, и Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција.
Овој настан е од отворен карактер и има за цел да ја доближи француската гастрономија до домашната публика преку специјалитети симболични за Франција. Ќе имате моѓност да се запознаете со вкусовите на Франција преку петте штанда со француски специјалитети, како пекарски производи и кроасани, солена храна, вино и пиво.
За музичкиот амбиент со француска музика ќе се погрижат пејачката Мијата и диџеј Зоки Бејбе.
Главен покровител на настанот е винарската визба Тиквеш, а партнери се СУГС „Лазар Танев“, ФЈ кулинарско школо и Боттега дел Вино.
Производите ќе се продаваат по симболични цени, а винарската визба „Тиквеш“ ќе понуди дегустација на нивните вина.
Во случај на дожд, ќе има обезбедено шатори.
Настанот ќе трае до 16 часот.
Нема коментари