Овој десерт е богат со хранливи состојки, брзо се подготвува и е добра замена за висококалоричните кремови и десерти. Чиа семките се богати со белковини, протеини, магнезиум, калциум, железо и омега-3 масни киселини, како и со витамините А, Б, Е и Д. Кремастиот пудинг дава енергија и го снижува холестеролот. Доколку сакате да подготвите 2 големи чинии, потребни ви се 2 лажици чиа семки, 2 банани, 3 урми, 2 шолји кокосово млеко, 1 шолја бадемово млеко без шеќер и 2 мали лажици ванилин екстракт. Сите состојки освен чиа семките се мешаат во блендер. Мешавината се става во садови за служење и во неа се додаваат чиа семките. Покријте ги садовите со фолија или капак, и оставете ги во фрижидер преку ноќ или барем четири часа пред служење. Добар и здрав апетит!
Нема коментари