Специјализираниот интернет сајт foodandwine.com објави листа на пет нови дестинации за љубителите на вино, сместувајќи ја Македонија и Тиквешијата во новите најпосакувани вински дестинации. Сајтот предлага дека треба да заборавите на добропознатите вински реони како Напа во САД и Бургунди во Франција, и да отркиете сосема нови дестинации за вински туризам. Покрај Македонија, на листата следат Орегон, Планините Јура, Аризона и Португалија. За Македонија е напишано: „Иако мала, Република Македонија со вкупно два милиони жители произведува квалитетно вино уште од времето на Јулие Цезар, но меѓу познавачите на вино стана позната однеодамна“. Наведена е позната винарија „Попова кула“ каде може да се ужива во вино и да се преноќи, а според сајтот не смее да се пропушти ни винаријата „Бовин“, првата приватна македонска винарија по распадот на Југославија.
Нема коментари