Свадбената торта треба да е впечатлива и привлечна, треба да биде слаткарскиот накит на настанот, па затоа тука доаѓаат сега популарните геода торти со детаљ кој изгледа како горски кристали во геода, односно реферира на внатрешност на карпа со аметист, ахат или некој друг минерал во средината. Класичните торти со цветен аранжман се демоде, геода тортите се хит!
Всушност, геода тортите не се нешто ново во слаткарството, но станаа популарни периодов како свадбени торти, откако пред неколку месеци Рејчел Туфел од Intricate Icings Cake Design направила торта со изглед на аметист во геода за еден настан во Денвер. ЗТортата комплетно се јаде и она што изгледа како горски кристал е кристализиран шеќер (подолу има туторијал како се подготвува). Кристалите може да бидат во различна боја, и да се во координација, на пример, со главната боја и декорот на свадбената свеченост. Тортите брзо станаа хит на Интернет, а дополнително почнаа да се прават и колачиња и мафини украсени со кристали.
Нема коментари