Овој десерт/ оброк е здрав и вкусен, ги задоволува и веганите и брзо се подготвува. Наведениот рецепт е за двајца, а потребни се следниве состоки:
1 авокадо
1/2 чаша ореви
1/2 чаша лешници
1/2 чаша бадеми
1/2 чаша излупени несолени кикирики
3 лажици какао (или темно чоколадо)
1 банана
1/4 цимет
1/2 чаша шумско овошје
2 лажици гоџи бобинки
сок од 1 портокал
Подготовка:
Авокадото, какаото, сокот од портокал, бананата и циметот се ставаат во блендер и се меша додека не се добие до компактна маса. Потоа земете две стаклени чаши, и почнете да правите слоеви – во долниот дел ставете микс од ситно сечканите јаткасти плодови, па додадете од мусот, па малку парчиња од шумското овошје, следи уште еден ред мус, а одозгора украсете со гоџи бобинки, ситно сечкани ореви и остатокот од шумско овошје. Декорација може да ја дополните и со кокосови снегулки.
Нема коментари