Љубителите на шопингот, акциите и распродажбата од денеска до 27 август ќе може да ги набават посакуваните парчиња по намалени цени на вториот Гараж сејл во ТЦ „Рамстор“ во Скопје. „Правиме чистка вадиме сѐ надвор“ е добро познатиот концепт на распродажбата кој минатата година предизвика вистинско шопинг лудило во градот. Овој пат попустите се до 85 проценти.
-Вториот Гараж сејл очекуваме повторно да ги исполни очекувањата на нашите посетители кои ќе уживаат купувајќи на попуст. Kaко и претходната година, правиме вистинска чистка и ги вадиме сите производи кои се на попуст надвор пред продавниците во трговскиот. Нашата цел е да им овозможиме на верните потрошувачи на „Рамстор мол“ едно поинакво шопинг доживување- велат од „Рамстор“.
Покрај големите попусти и распродажбата во продавниците од трговскиот центар и маркетот кој што е лоциран во самиот трговски центар ќе учествува со разновидни производи по исклучително ниски цени. Новина во овогодинешниот Гараж сејл е музичкиот дел. Денеска 18 часот ќе нстапи бендот „Ај Кју“, a на 22 август во истото време присутните ќе ги забавува Марко и „Логаут“.
Нема коментари