Американскиот култен моден бренд Gap најавува големо враќање на модната сцена со нова капсулна колекција која се продава од денеска, и со кампања која се повикува на 90-тите години и на секојдневните модерни класици во облекувањето. Во кампањата наречена The Archive Re-Issue: ’90s се појавуваат супермоделката Наоми Кембел, и неколку деца на познати личности и на рок легенди – Лизи Џегер (ќерка на Мик Џегер и Џери Хол), Френсис Бин Кобејн (ќерка на Кортни Лав и Курт Кобејн), Челси Тајлер (ќерка на Стивен Тајлер), Коко Гордон (ќерка на Ким Гордон и Торстон Мур), Румер Вилис (ќерка на Брсу Вилис и Деми Мур), Еван Рос (син на Дајана Рос)… Колекцијата содржи иконски базични и модни парчиња инспирирани од декадата во која се славеше минимализмот, едноставноста и префинетоста, а се парчиња кои имаат силно влијание на актуелните модни трендови.
Нема коментари