Париската недела на висока мода доживеаа креативна кулминација со ревијата на Џон Галијано за Maison Margiela, прикажувајќи спој на деконструкција и уметнички елементи, колекција во која уметноста се спојува со модата и модата со уметноста. Деконструкцијата е една од омилените теми на Галијано, а овојпат тој презентира колекција во која деконструира скоре сè, од фустаните и здолништата, до панталоните и шапките. Доминираат црната и црвената, различни форми и нагласена силуета, авангардни кроеви карактеристични за основачот на куќата Мартин Марџела помешани со романтизмот на Галијано, илустрации и скици кои се вметнати и пресликани брз креациите. Посебно се истакна белиот капут врз е наметнат црн тул стуткан така да формира портрет на девојка, креација која веднаш стана омилена на Инстаграм и во медумите. Нам интересни ни беа и плетените фустани за кои се погрижи македонскиот креатор Ристо Бимбилоски, задолжен за плетивата во Maison Margiela. Стиловите се еклектични, но споени во заедничка театралност. За целата естетика допринесува и Пикасовската шминка на познатата Пет Мекграт, долгогодишна соработничка на Галијано.
Галијано, смирен и едноставно облечен во бел мантил, сосема поразличен од личната драматичност од периодот пред анти-семитскиот скандал кој го чинеше отказ во „Диор“, прикажа незаборавна колекција со неверојатна конструкција и имагинација, за која покрај аплаузи, доби констатација дека сè уште прави мода која возбудува. (K.T.)
Нема коментари