Џон Галијано ја прикажа својата втора artisanal колекција за Maison Margiela во Париз утрово, првпат во Париз на неделата на висока мода. Своето деби за куќата на Марџела го направи во јануари во Лондон. Повторно, дизајнерот одлучува за традиционална презентација, за разлика од разработениот раскошен мизансцен по кој беше познат додека работеше за „Диор“. И повторно прикажа моќни, инвентивни идеи, повикувајќи се истовремено на кодовите на Галијано, особено на оние од неговата рана кариера, но и оние на куќата на Мартин Марџела основана од мистериозниот белгиски дизајнер кон крајот на 80-тите, кој пак во 2009 година се повлече од сосптвената етикета.
Со оглед на раскошот и луксузот кој оди рака под рака со неделата на висока мода, како гламурозни парчиња, прекрасни сали во кои се одржуваат ревиите и богата клиентела, ревијата на галијано беше ослободена од таа помпа. Според описот во пр-материјалот, расположението на шото е „случаен и несвесен гламур“. Употреба на необични ткаенини наместо конценционалните, украсување со скршени парчиња од огледало наместо вез со критали. Формите се исто така необични и се базираат на деконтрукција во кројот. Приказната е финиширана со чевли со необични потпетици и експресивна шминка/маски со акцент на кобалтно сината боја.
Нема коментари