Листата на дизајнери и модни куќи кои одлучија да не користат вистинско животинско крзно станува подолга, според француски Elle и Џон Галијано се откажува од користење на крзно во своите креации. „Правиот луксуз денес е автентичноста и инвентивноста“, вели Галијано.
Веста е изненадување, бидејќи Галијано обилно користеше крзно во своите колекции, особено во периодот кога креираше за „Диор“. Но, една случајна средба со потпрецедателот на ПЕТА Ден Метјуз за време на одморот во Сен Тропе минатото лето, сосема ќе му го промени начинот на живот и размислување. Еден разговор ќе го натера да стане вегетаријанец, а неговото куче Џипси исто така има голема улога во конечната одлука да престане да користи крзно.
Претходно повеќе дизајнери најавија дека нема да користат крзно. Џорџо Армани во 2016 сосема престана да користи крзно, и во моментов е единствениот дизајнер кој во haute couture колекциите нема крзно. По него ваква одлука да не креираат со крзно донесоа Мајкл Корс,„Гучи“, Донатела Версаче, Furla, Дона Каран, Џими Чу.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари