Познатите личности се забавуваа викендов на повеќе забави организирани по повод Ноќта на вештерките, маскирајќи се во различни ликови – Бијонсе беше Фрида Кало, Рита Ора како Барби, а Кети Пери во чипс од „Читос“. Во забавата се приклучија и луѓето од модата, а и самите беа предмет на маски. Па така познатиот шминкер Џејмс Кариардос изгледа уверливо како Донатела Версаче, а супермоделката Кејт Мос ја имитираше својата колешка Кара Делевиљ. Модниот блогер Брајан Бој се облече како уредничката на Vogue, Ана Винтур, ама во Винтур се преправи и Ким Кардашијан. Всушност дел од кланот на Кардашијан се маскираа во редакцијата на Vogue, па така Ким е Ана, нејзина пријателката Грејс Кодингтон, ќерката на Ким Норт е Андре Леон Тели, а едно од децата е преоблечено како Карл Лагерфелд.
Нема коментари