По информацијата за насловната страница на српската перформанс-уметница Марина Абрамовиќ за украински Vogue, еве го главниот моден едиторијал за августовското издание на магазинот посветено на уметноста. Марина позира со топ моделот Кристал Рен, а фотосесијата ја направи Душан Рељин, светски познат фотограф со потекло од Србија. Едиторијалот има елементи на перформанс и ги содржи контроверзноста и шокантноста од делата што Марина ги прикажува со децении наназад.
Нема коментари