Една од најпознатите супермоделки од 70-тите и 80-тите Џери Хол позираше за јунскиот број на италијански Vogue заедно со своите ќерки Елизабет (Лизи) и Џорџија Меј, родени во нејзиниот брак со Мик Џегер. Со својата долга коса и витко тело, тексашанката Џери стана епитом на стилот од 80-тите, а во своите ќерки има вистински наследнички. Со манекенство прво се занимавашае постарата Лизи, а сега Џорџија е едно од најпрепознатливите лица во модната индустрија. За Voguе ги фотографираше Јелена Јемчук, а стајлингот го направи Кети Кастерин.
Нема коментари