Норвешкиот фотограф и режисер Солве Сондсбо ја сликаше супермоделката Џоан Смолс за едиторијал за мајскиот број на Vogue, а модната стилистка Анастаси Барбиери ја облече манекенката во металик-креации од пролетните колекции на познатите дизајнери. Од златните набори до блескавите сирена-фустани, Џоан изгледа елегантно и истовремено смело додека позира во вода и покрај морски карпи. Преку грациозната приказна на Сондсбо и убавината на Смолс претставени се дизајнерските парчиња од „Ланвин“, Александар Меквин, „Сен Лоран“ и од Роберто Кавали.
Нема коментари