Заедничаката изложбаAdorn, Embracelet, Elvenи Orlando на брендот за накит „Еклектика“ и на модниот бренд „Лудус“ привлече одлична модна публика во култниот простор на Капан ан, токму во дворот во кој е сместено и ателјето на „Електика“. Ред модни муабети, малку музика и вино и одлична доза на дизајн се случи на настанот пред неколку дена. Парчињата накит од „Еклекитка“ поставени во ателјето од камени ѕидови и на инсталацијата во дворот нудат магично патување за љубителите на автентичен македонски дизајн, а must have се прстени со мали топчести камчиња и алките кои што се носат на дланката наместо околу глуждот на Моника Лозановска, како и големиот избор на сребрени филигрански прстени со волшебни форми со бисер, тиркиз, рубин на Александар Баки Милев. Веќе се запознавме со колекцијата „Орландо“ на Дранган Христов од „Лудус“, но овојпат дизајнерот откри нова линија на кожени чанти и еспадрили.
Нема коментари