Српската манекенка со светска слава Ѓурѓа Џорџина Стоиљковиќ се појавува во фотосесија инспирирана од фетиш и BDSM супкултурата наменета за новиот број на Elle Serbia. Таа позира пред објективот на Душан Рељин, српски фотограф кој со години работи за највлијателните светски модни публикации, а облечена е во црна провокативна облека селектирана од стилистот Ненад Јањатовиќ. Модниот едиторијал Of Human Bondage е дел од декемврискиот број на тема Black Issue.
Нема коментари