Темата на ексцентричен ден во супермаркет ја почна Карл Лагерфлд со ревијата на колекцијата за есен-зима 2014/15 за „Шанел“, сега веќе е предмет и во модните едиторијали во престижните модни списанија. Во октомврискиот број на јапонски Vogue фотографот Џампаоло Згура и стилистката Ана Дело Русо се одлучија за фотосесија снимена во супермаркет, а со која се најавуваат некои од најзначајните креации за сезоната есен-зима 2014/15 од дизајнерски имиња како „Диор“, Том Форд, „Москино“, „Фенди“, Марк Џејкобс, „Шанел“… Во овој шарен едиторијал посветен на еклектични комбинации позираат супермоделите Линдзи Виксон, Хане Габи Одиел и Кетрин Лоев, но и други модели од различни генерации.
Нема коментари