Синот на Даниел Деј Луис и Изабел Аџани, 20-годишниот Габриел Кејн Деј Луис, деновиве во предизвика осебно внимание појавувајќи се на неколку модни настани во Париз. На ревијата на „Шанел“, на забавите на amFAR и на Vogue, а претходно ги следеше и ревиите за машките колекции. Го интересира музика, а во последно време работи како манекен на агенцијата IMG, има снимено доста едиторијали и минатиот месец се појави на ревијата на Алфред Данхил. Габриел неверојатно потсетува на својот татко, тројниот Оскаровец Даниел Деј Луис, кој пак никогаш не се изјасни зошто ја напушти неговата мајка, француската актерка Изабел Аџани, само неколку месеци пред неговото раѓање.
Нема коментари