Дванаесеттиот Моден викенд-Скопје под мотото „Модата и културното наследство“, на 21 октомври во Музејот на Македонија ќе го отвори модна изложба составена од финалните дела произлезени од неколкумесечниот проект „Модата и културното наследство“, додека ревијалниот дел стартува ден подоцна и ќе трае се до 25 октомври. Модната изложба „Свадбени приказни“ со која ќе започне сезоната есен/зима 2015/2016 е во реализација на Британскиот совет во Македонија како организатор, и Европски универзитет – Р. Македонија со Музеј на Македонија како партнери. Студентите од моден и графички дизајн, во соработка со студентите од дизајн на ентериер и кустосите од Музејот, на изложбата ќе претстават приказни преку кои ќе дадат свои, современи интерпретации на облеката, текстилот и накитот од локалните свадбени традиции. Во текот на целиот Моден викенд во Музејот, под покровителство на “Lotus Lounge Chair” , по прв пат ќе се случува “Lotus Cozy Cinema”. Освен краткиот филм „ Четврток“ на Милчо Манчевски, ќе бидат прикажани и други македонски кратки филмови поддржани од Aгенцијата за филм на РМ и проекции на модни филмови од програмата „Dressing the Screen“ обезбедена од Британски совет во Македонија.
Веќе следниот ден на 22 октомври, посетителите на Моден викенд-Скопје ќе имаат можност да ја видат ревијата на Игор Марков во Музејот на град Скопје. Последните три дена ( 23, 24 и 25 октомври) ќе се одвиваат во Музејот на Македонија, кадешто ќе ги видиме најновите колекции на Јована Филиповиќ, Елена Спасовска , познатата косовска дизајнерка Венера Мустафа, турскиот моден бренд „Kigili“ , Митко Занов, Ирина Тошева поддржана од MyTime , Роберт Ивановски, Кристина Цветковска, Олгица Ѓоргиева поддржана од D’Eyeko и за прв пат во Македонија руската модна куќа „ N by Z“. Моделите на модна куќа „N by Z“ која работи една деценија ги потпишува дизајнерката Наталија Злодјарева. Познатата руската модна куќа годишно лансира по две нови колекции и 7 капсулни колекции со ограничена серија а креациите се продаваат во Русија, Шпанија, Грција, Италија и други европски земји. Како дел од новата сезона на Моден викенд-Скопје, ќе биде реализиран и проектот „Професионално менторство, соработка и размена на знаења и техники меѓу дизајнерите и фабриките “ кој е поддржан од Министерството за економија на РМ, односно Секторот зa претприемништво и иновации. Проектот резултираше со соработка помеѓу дизајнерката Ирина Тошева и македонската фабрика за спортска гардероба „Цеботекс“. Колекцијата ќе биде премиерно прикажана во декември. Концепт-дизајнот за визуелниот имиџот на Моден викенд Скопје 12 го потпишува Јована Зука.
Генерален покровител на настанот е Општина Чаир. Моден викенд Скопје со „Пакомак“ ја продолжува еко- приказната „Да го зачуваме зеленилото“ и затоа сите печатени материјали сезонава ќе бидат направени од рециклирана хартија. Официјалниот партнер за шминка е Gosh . За фризурите на моделите ќе се погрижи „Lakme“ во соработка со Едукативниот центар „Кариера плус“. Официјалниот дерма бјути партнер е „Vichy“. На дванаесеттото издание „Космо“ ни ги презентира официјалните парфеми на настанот : BVL Aqua Divina и La Pantere на француската куќа „Cartier“. Сезонава посетителите на нашите забави ќе можат да го пијат официјалното пиво на настанот, познатото српско пиво „Кабинет“. Останати покровители на настанот : Министерство за економија на РМ, Британски совет во Македонија и Музеј на Македонија. Поддржувачи на Моден викенд Скопје: Генерален партнер на настанот и оваа сезона е Пелистерка вода Официјално возило на настанот : Porsche , Официјална водка – Finlandia , проектен партнер– Knauf, наш партнер за блескава насмевка- White Glo
Нема коментари