Визионерка на 21 век и архитектка што негува футуристичка естетика, познатата Заха Хадид се потпиша зад новиот бутик на американскиот дизајнер за чевли Стрјуарт Вајцман во Хонг Конг. Отворен во јануари годинава, бутикот е игра на светлина, стакло, бетон, органски форми и монохтоматски нијанси на сива боја. Целиот мебел, витрините и модуларните клупи за седење се заоблени и се „прелеваат“ од едно парче во друго и креираат невообичаени форми. Лондонската архитектка и предходно соработуваше со Вајцман на неговиот бутик во Милано, а самата има дизајнирано чевли за брендовите United Nude, Lacoste и Melissa
Нема коментари