Лондонската модна етикета на македонскиот дизајнер Марјан Пејоски KTZ, е веќе препознатлива по драматичките креации кои ги поместуваат границите на машката мода, што може да се насети и во новата колекција на есен-зима 2016/17 претставена вчера на Лондонската модна недела. Во неа дизајнерот меша елементи на футуризам и иконографија на рагби-фудбалот во американските колеџи, преку палта со амблеми, натписи кои потсетуваат на оние од спортските дресови, атлетски шорцеви и креации со штепови како на рагби топката. Во колекцијата има и пончо-наметки со британското знаме, како оддавање чест на британските корени на брендот.
Нема коментари