Холандското архитектонско биро MVRDV заедно со Институтот за урбанистичко планирање во Тијанџин (TUPDI), ја дизајнираа новата масивна библиотека во овој северноисточен град во Кина, како дел од културниот центар Бинхаи и од поголемиот урбанистички план за создавање културна област во градот.
Библиотеката Тијанџин Бинхаи има површина од 362.744 квадратни метри, а централно место во внатрешниот дел има топографскиот ентериер и сферичната градба во средината на атриумот, односно „Окото на Бинхаи“.
Окото е центарот на библиотеката. Делот со книгите е отворен и полиците се со заоблена форма, а просторот кој нуди панорама од 360 степени е замислен во него да можете да седите, читате, да се искачувате и да се дружите, односно да формира органски социјален простор.
Футуристичката библиотека се наоѓа во затворена галерија, преполнета со катедрални засводени арки, која се протега низ целата шема. Содржи преку милион книги распоредени на „терасестите“ полици.
Нема коментари