Секоја сезона се појавуваат модни парчиња кои ги фасцинираат познатите трендсетерки и во кои се фотографираат на своите Инстаграм профили. Инстантно тие парчиња стануваат трендинг на социјалните мрежи, па трендови во уличната мода и најчесто завршуваат копирани кај брендовите со достапна цена. Едно од тие парчиња се фустаните на преклоп на австралискиот бренд Realisation Par, краток фустан на преклоп и со карнери, кој доаѓа во неколку верзии и бои, но се чини дека едно најомилените е во црвена боја и со бели точки. Овој вид на фустан го поседува скоро секоја позната блогерка, а верзии на овој стил има во колекциите на H&M, Zara и Mango.
Фустанот на Realisation Par го има и во црна и сина боја, а предложени се и модели со ѕвезди наместо точки. Брендот доживеа контроверза кога ланската година еден модел од фустаните го промовираше со сексистички опис што ги ги налути феминистките, но тоа како да не делуваше на популарноста и на успешната продажба и покрај високата цена од скоро 200 долари. Сексапилниот и заводлив крој, точките и другите интересни мотиви, трендовкските карнери и нежната асиметрија го претворија фустанот во едно од најбараните парчиња на сезоната. Овој вид на фустани е идеална пролетно-летна креација и лесно се комбинира со различни стилови.
Drink some coffee and pretend you know what you’re doing ☕️♀️ #realisationpar A post shared by Nina Alina den Ruijter (@nina.alina) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари