Симпатичната актерка Кери Малиган можеби не е вистинска модна икона, понекогаш изгледа дури и како отпадник на црвениот килим, но никогаш не направила голема модна грешка. Деновиве нè насмеа со нејзината изјава од интервјуто за британскиот Vogue во кое, меѓу другото, ја раскажува судбината на фустанот од „Прада“ што го носеше на доделувањето на „Оскар“ во 2010 година кога беше номинирана за улогата во филмот „Образование“. Тогаш Кери беше облечена во црн фустан без прерамки со асиметрична должина, украсен со разни завртки, ножички и минијатурен прибор за јадење.
-Кога пред неколку години отидов на „Оскарите“, единствениот пат кога сум била на „Оскари“, носев фустан од „Прада“ со ситен прибор за јадење. Кон крајот на ноќта веќе бев малку потпивната и почнав да го кинам приборот од фустанот и да им го подарувам на луѓето. Прилично сум сигурна дека тоа беше поентата, дека Мијуча за тоа тоа го наменила приборот, сигурна сум во тоа – откри актерката. Засега нема реакција од Мијуча или пак потврда дека токму затоа биле наменети лажиците и вилушките од фустанот.
Нема коментари