Еден од најголемите тренодви во моментов фустан со прерамки врз маичка ќе се носи и претстојната есен. Оваа ретро комбинацијата од 90-тите, може да ја направите со слип-фустан од свила или сатен, но и со модел од кадифе, тул, со флорален принт или пак од металик материјал. Во есенската понуда на брендот „Зара“ има широка палета од вакви фустани, мини, миди и макси, спортски, свечени и кежуал кои може да ги комбинирате со бела маичка по кратки ракави, а во постидените денови со блуза со долги ракави, ролка, па дури и кошула. Направиве мала селекција од најинтересните фустани по прерамки од „Зара“ кои може да ги набавите по доспана цена, и да ги носите повеќе сезони.
Нема коментари