Барајќи го совршениот фустан, прва работа што ја проверуваме е дали добро го сокрива стомакот, бидејќи нагласениот стомак е проблематика што ја мачи скоро секоја жена. Најдобро решение е фустанот на преклоп, кој се врзува над стомакот, а уште подобро е доколку има асиметрична должина и длабоко деколте, елементи кои ќе го одвлечат вниманието од стомакот.
Не се препорачува да се носат тесни и припиени фустани. Но, ако сакате модел со потесен крој, тогаш изберете фустан кој е набран или пак има благо вертикално драпирање околу половината, крој кој оптички ќе го минимизира стомакот.
Нагласената половина добро ја кријат и фустаните со широк крој, но внимавајте, тоа не значи дека треба да изберете претерано широк модел во кој ќе изгледате како да сте облекле вреќа… Бирајте фустан со А-крој, добро скроен во горниот и кој се шири во долниот дел.
Не ги избегнувајте ремените, тие одлично ја дефинираат силуетата без разлика дали имате крупна градба. Но, ако се одлучите на ремен тој нека е позициониран над стомакот, никогаш не врз самиот стомак.
Потемните бои секогаш се добар избор ако сакаме да го сокриеме вишокот на килограми околу половината, а ако преферирате шари, тогаш нека бидат на црна основа.
Наборите, пеплумот кројот, преклопите успешно го сокриваат нагласениот стомак.
Опција се и фустаните кое се пресечени под градите.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари