Фустан со кратки ракави, на преклоп и со крој позајмен од кошула или мантил е добра идеја за облека за на работа. Во пролетно-летните денови сакаме да носиме модни парчиња без ракави, но сепак внимавајте рамениците да не бидат премногу откриени. Во топлите денови предлагаме да изберете фустан со миди должина, од лесен материјал, во посветла боја, и модел кој е микс а деловна елеганција и префинета лежерност. Комбинирајте со чевли со ниски потпетици и деловна чанта по ваш избор.
View this post on Instagram
Нема коментари