Креација од австралискиот дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски, блесна на црвениот килим на доделувањето на Видео наградите на „Ем-ти-ви“, што се одржа вчера во Калифонија. Во црниот коктел-фустан со потпис на креаторот стациониран во Мелбурн се појави познатата австралиска ТВ-водителка, Рене Барг. Таа доби пофалби за изборот на моделот, кој е со транспарентен проширен долен дел и со мрежа во делот кај деколтето. Креацијата ја искомбинирала со проѕирна клач чанта, црни сандали и минимален накит
Матичевски, покрај Марјан Пејоски, е најпознатиот креатор од македонско потекло со светска кариера. Роден е во 1977 година во Мелбурн. Неговиот татко по потекло е од село Новаци во близина на Битола, а мајка му која била шивачка, е од село Могила. Оттаму доаѓаат и првиот допир со модата и креирањето. Студирал мода на универзитетот РМИТ каде што дипломирал со Прва класа на почести, добитник е на повеќе признанија за најдобар дизајнер. Има учествувано на модните недели во Австралија и во Њујорк, ја одбил понудата за работа во „Дона Каран“ во Њујорк, дел е од креаторите на Cerruti,а соработувал и со многу локални дизајнери во Австралија за кои креирал од спортска облека до вечерни тоалети…неговиот бренд „Матичевски“ го основа во 1999 година. Во негови креации се имаат појавено голем број на славни личности од светскиот шоу-бизнис, како Алиша Kис, Шерил Kроу , Kим Kардашјан, Принцезата Мери од Данска, и видни јавни личности од Австралија. Добитник е на повеќе награди межу кои: Најдобар млад дизајнер на L’Oréal Melbourne Fashion Festival за својата деби-колекција..
Нема коментари