Креација од македонскиот екобренд Bastet Noir се најде во августовскиот број на британското издание на познатиот моден магазин Glamour. Црниот долг фустан со длабоки шлицови и дискретен етно-вез се најде во рубриката The Dress to Impress, во изднието кое на светскиот пазар излезе на 7 јули, а во нашите киосци ќе се најде неколку недели подоцна.
- Од GlamourUK нè исконтактираа пред еден месец со прашање дали може да употребат фотографија од нашата последна колекција во нивната рубрика The Dress to Impress. Секако декасе согласивме -вели основачката на Bastet Noir, Даниела Милошеска.
Македоната модна етикета Bastet Noir истовремено функционира и како првата онлајн-продавница, која ги поддржува балканските дизајнери што практикуваат еколошки начин на производство. Брендот во април ја промовира капсулната колекција, чија креација се најде во најчитаниот женски магазин во Велика Британија.
Bastet Noir, кој промовира екомода, за оваа линија ангажира неколку македонски и балкански креатори да создадат модели наменти за оваа сезона. Колекцијата брои осум парчиња, во кои доминираат белата, црната и златната боја
- Овој проект настана како плод на взаемна соработка меѓу повеќе балкански дизајнери. Идејата зад колекцијата е доближување на македонскиот фолклор до модерната жена преку создавање на современи парчиња облека со вткаени шари, превземени од овчеполската народна носија-ни изјави Милошеска пред промоцијата на колекцијата.
На насловната страница на августовскиот GlamourUK се најде поп-пејачката Ели Гулдинг.
Нема коментари