Моделите со изглед на ноќница за спиење се носат како дневен фустан и се мошне тренди
За време на долгиот карантин линијата на облека за по дома и облека за излегување како да беше избришана. Удобните маици, хеланки и тренерки станаа секојдневие, а неретко носевме и пижами надвор од спалната соба. Всушност, облеката што потсетува на пижама одмамна ја носиме и надор, сега дојде ред на уште една креација од спалната – ноќницата.
Фустаните кои наликуваат на ноќница се сега дел од модните трендови за лето 2020. Свиленкасти модели со детали од фина тантела, широки памучни модели кои нудат екстра удобност, креации кои реферираат на викторијанската доба и на хероините од пред-рафаелитските слики, фустаните во овој стил ги забележуваме во летната мода.
Нема коментари