Понатиот бренд на чанти Furla годинава го слави својот деведесетти роденден и јубилејот го одбележува со лимитирана колекција инспирирана од музиката. Славеничката линија соджи девет модели, различни верзии на познатиот модел Metropolis, а се разликуваат по деталите кои асоцираат на музички правци карактеристични за последните девет децении, како на пример џезот од 30-тите или диско музиката од 70-тите години.
Актуелна е и пролетната колекција на Furla која е посветена на патувањата и на етно-влијанието кое се меша со современиот стил. Во колекцијата за пролет-лето 2017 повторно го гледаме најпознатиот модел на Furla, Metropolis, сега обоен со шари позајмени од егзотичната флора и фауна.
Повеќе за колекцијата пролет-лето 2017 читајте на Furla отпатува во прашумите со новата колекција
Нема коментари