Фудбалерот на англискиот клуб Арсенал, Арон Ремзи, потпиша договор со Elite Model Management од Лондон-јавува Vogue. Дваесет и тригодишниот велшки спортист е еден од новите славни личности кои станаа дел од агенцијата, меѓу кои е и актерката Роуз Брн и пејачката Лиен Ла Хавас.
-Од Elite ми пријдоа за соработка во вистинско време. Ова за мене е голема шанса, бидејќи баш размислував да почнам да се бавам и со други нешта, освен фудбалската кариера. Очигледно, сега моја главна окупација е фудбалот и секогаш ќе биде, никогаш нема да го запоставам за било што. Затоа, ќе мора правилно да си го распределам своето време, за да може да ги искористам сите шанси што ќе ми ги даде Elite. Би сакал дасоработувам со креаторот Том Форд. Неговиот бренд ми е омилен. Во овој момент не би сакал да позирам разголен, мислам дека тоа нема да ѝ се допадне на мојата свршеница… Инаку сè уште ми треба време да се навикнам на позирањето пред фотоапарат, бидејќи не ми доаѓа природно, се чувствувам изгубено кога не сум близу фудбалот -изјави Рeмзи за Vogue .
Фотографиите ги направи Рио Ромејн, стајлингот е на Келвин Опелај.
Нема коментари