Францускиот бренд Zadig&Voltaire за сезоната пролет-лето 2014 нуди феноменални парчиња во рокерски стил, а како заштитно лице повторно ја ангажираше Фреја Беха Ериксeн. Данската манекенка не е многу активна во последниов период, но не одби да работи за омилениот бренд. Таа му позираше на фотографот Тери Ричардсон облечена во креаиции од кожа, секси тантелни блузи и моторџиски чизми, кои се клучни парчиња на Zadig&Voltaire за оваа пролет.
Нема коментари