Данскиот модел Фреја Беха Ериксен се проба како дизајнерка, во соработка со модната куќа Zadig & Voltaire. Манекенката, која изминативе две години е заштитно лице на овој бренд, сега доби можност и да ја креаира неговата нова колекција. За капсулната линија таа нашла инспирација во рок-стилот. Создала минималистички модели: тексас јакна, кожена торба и широка проѕирна маица по кратки ракави во црна и сива боја. Највпечатлив елемент од колекцијата е кожената , моторџиска јакна. Креациите ќе се најдат во продажна во јули во бутиците на Zadig & Voltaire. Соработката е хуманитарна, бидејќи 40 отсто од заработката ќе биде донорана на организацијата Доктори без граници.
Нема коментари