Француското издание на Vogue слави 95-годишен јубилеј и по тој повод во Париз организира гала вечера на која се појави кремот на модниот светот. Роденденската забава на модниот магазин се одржа во приватна палата во близина на плоштадот Вендом, јужно од Триумфалната капија. Домаќини на забавата беа главната уредничка Емануeл Алт и извршниот директор на француската канцеларија на издавачот Конде Наст, Ксавие Роматет, а се појави и Карин Ројтфелд, која го уредуваше магазинот во периодот 2001 до 2010 година.
Настанот се случи во саботата, додека се одржува Париската модна недела, а се забавуваа повеќе познати лица од светот на модата и забавната индустрија како Ријана, Канје Вест, Џована Батаља, Ана Дело Русо, Џаред Лето, познати дизајнери, критиари и манекенки. Првиот број на француски Vogue излезе во 1920 година, веднаш по американското, британското, шпанското и италијанското издание. Денес се издаваат 23 интернационални верзии на најпознатиот моден магазин.
Нема коментари