Рене Реџепи со право се смета за еден од најдобрите и најистакнати готвачи во светот, а неговиот ресторан „Нома“ во Копехаген со години е на првото место на листата на најдобри ресторани. Роден во Данска, од татко македонски Албанец и мајка Данка, Реџепи неретко зборел за Македонија, за мирисот на зеленчукот и за старите начини на готвење што ги следел додека летата ги поминувал овде во семејството на неговиот татко.
Во посета на неговиот ресторан „Нома“ беше Тод Селби од познатата интернет страница The Selby кој ја направи оваа фотосесија. Тод се смета за еден од пионерите во портретирања на интересни ликови во нивните домови и работни места, а има издадено повеќе книги кои се дел од неговиот проект The Selby.
Тод Селби успеал да ја фотографира атмосферата во кујната, како Реџепи се договара со својот персонал за менито, како ја подготвуваат храната, а некои фотографии се однесуваат на ентериерот на ресторанот, кој е уреден едноставно и без непотребни украси и декорации.
Реџепи неколку пати е прогласуван за најдобар готвач во светот. Во 2011 година беше прогласен за 11-ти највлијателен човек во светот, а исто така е еден од ретките од полето на гастрономија што се нашол на насловната на Time. Препознатлив е по иновативниот пристап во готвењето, експериментирањето и употребата на локални состојни и органски одгледани зашини и билки.
Нема коментари