Фото-приказната за колекцијата „Жар птица“ за есен-зима 2016/17 на модната дизајнерка Ирина Тошева беше промовирава вчеравечер во концептуалнаа продавница и бистро Wonderlust. Едиторијалот го сними познатиот македонски фотограф Миладин Паповиќ. Шминката инспирирана од различните видови птици е на Виктор Мирчевски, а фризурата на Дарко Петковски. Креациите ги носат манекенките Ангелина Блажевска, Бојана Нушкова и Ивана Васовска. Графичкиот дизајн е на Игор Делов.
-Инспирацијата за колекцијата е жар-птицата која живее во светот на приказните од словенскиот фолклор што дизајнерката ги проучуваше како дел од нејзиниот креативен процес. Оваа волшебна птица што сјае и доаѓа од далечна земја е и благослов и носител на несреќа на оној кој ќе ја фател. Нејзината потрага е пресликана во новата колекција, а фото приказната ни покажува дека таа живее на нашите покриви. „Сите имаме по некоја „своја“ жар-птица. Од нас зависи дали ќе ја заробиме или пуштиме слободно да лета – изјави Тошева.
Во фото -сесијата жар-птиците се сместени на скопските покриви. Слободни се и одмораат од нивното бегство. Вака креативниот тим го објасни својот продукт за време на вчерашната промоција во Wonderlust.
Нема коментари