Лимитираната линија маици на младиот бренд за урбана мода, „Раце горе“, во соработка со диџеј Чваре доби своја фотосесија. Со промотивната фотосесија снимена во Битола, градот каде пред една година е основан брендот, тимот на „Раце горе“ ја најавува роденденската забава и промоција на колекцијата, што ќе се одржи во петок (на 20 март) со почеток во 19 часот во скопското арт-кафе „Концепт 37“ . Колекцијата, која ќе биди органичена само на 20 примероци ќе биде спакувана во кутија. Исто така кутиите ќе бидат обележани за да се знае кој примерок од вкупно 20 го купувате.
„Раце горе“ на посетителите на промоцијата ќе им приреди низа изненадувања, како и можност за набавување на примерок од лимитираната колекција на маици со принтови. За добрата забава во „Концепт 37“ ќе се погрижи диџеј Чваре.
Нема коментари