Сексуалното малтретирање не познава родова поделеност, туку се работи за искористување на моќ. Дека не се само жените жртви на сексуално злоставување покажа приемерот со Кевин Спејси, но и новиот скандал кога неколку манекени ги обвинија познатите модни фотографи Марио Тестино и Брус Вебер. Во саботата во New York Times беше објавена сторија за неколку манекени и асистенти кои се здружија со цел заеднички да подигнат обвинение против едни од најпознатите фотографи во модниот бизнис за бројни и разни сексуални напади и злоставувања за време на фотосесиите. Тестино и Вебер се на врвот во својата професија, имаат сработено бројни рекламни рекламни кампањи и фотосесии за најзначаните модни магазини, ги фотографирале најпознатите пејачи и актери во оразни проекти. Тестино е познат и по фотосесиите со принцезата Дајана, и е омилен фотограф на британското кралско семејство. За Брус Вебер ова не е прво обвинување, пред неколку месеци манекенот Џејсон Бојс откри секскуално малретирање, а со Тестино сега се обвинети од страна на 13 манекени и двајца негови асистенти за повеќе злоставувања, сексуални напади и недолично однесување пред нив. Вебер во изјава ги негираше обвинувањата: „Потполно сум шокиран и тажен поради срамотните тврдења што се направени против мене, кои што апсолутно ги негирам“, стои во изјавата пренесена преку адвокатот на фотографот. Адвокатска фирма која го претставува Тестино, во писмото одговори дека поединците кои зборувале со New York Times „не можат да се сметаат за сигурни извори“. На твредењата на манекените реагираше издавачката куќа Condé Nast, која стои зад Vogue, Vanity Fair, GQ, W, Glamour и други списанија, како и Ана Винтур, уредничката на американски Vogue и креативен директор на изданијата на куќата, кои уште во саботата потврдија дека соработката со Тестино и Вебер ја ставаат на пауза на неодредено време, иако и двајцата се долгодишни соработници во нивните списанија. Condé Nast во исто време најави дека забранува алкохол за време на нивните фотосеси и ангажирање на модели помлади од 18 години, а секое снимање кое вклучува голотија, проѕирна облека, долна облека, костими за капење, симулирана употреба на дрога и алкохол, или сексуално сугестивни пози, мора да бидат одобрени од самиот модел. „Дури и кога ги застапуваме жртвите на злоупотреба и несоодветно однесување, мораме да се погледнеме во огледало – и да се прашаме дали правиме сé за да ги заштитиме оние со кои работиме, за да не се случи неприфатливо однесување на наш терен. Се појавија обвиненија против Брус Вебер и Марио Тестино, кои беа тешки за да ги чујам и да се соочам со нив со скршено срце. Двајцата се мои лични пријатели кои направија извонредни придонеси за Vogue и многу други изданија на Condé Nast во текот на годините, и двајцата издадоа приговори или негирања. Силно верувам во вредноста на каење и прошка, но ги земам обвинувањата многу сериозно, а ние во Condé Nast одлучивме да го ставиме работниот однос со на мирување“, напиша Ана Винтур во своето соопштение. *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари