Во рамки на новата есенска кампања под мотото „Погледни ја твојата убавина“ македонскиот моден бренд Bella ги поттикнува дамите да издвојат малку време помеѓу дневните обврски и да ја прослават сопствената убавина. За таа цел во Skopje City Mall се поставени интерактивни тотеми со огледала на кои дамите можат да погледнат како би изгледале облечени во два различни модели од новата колекција на Bella. Сите кои ќе се фотографираат на едно од Bella огледалата и ќе ја објават фотографијата на нивниот Инстаграм профил со хаштаг #bellamkd ќе добијат 10% попуст на следното купување во Bella. „Огледалата“ ќе бидат поставени во Skopje City Mall до 8-ми октомври.
-Новата колекција на Bella има за цел да го потенцира одразот на уникатната женска убавина збогатена со облека која дополнително ја истакнува. Секое парче од оваа колекција е скроено со цел да ги поттикне модерните, деловни дами да застанат гордо пред себе, да се насмевнат, и со полна самодоверба да излезат пред светот – објаснуваат од Bella.
Веќе објавивме дека заштитни лица на новата кампања на Bella се Елена Стојановска и Росана Јанков.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари