Во рамките на последното издание на Trash Fashion Macedonia што се одржа во организација на Здружението на граѓани ОХО, во дел од програмата на настанот тимот на Stylist.mk одржа работилница за редизајнирање на стари парчиња облека и модни додатоци. Уредничките на Stylist.mk пред учениците од 45 средни училишта од цела Македонија прикажаа куса презентација за тоа како може да се искористи старата гардероба и од неа да се создаде трендовско модно парче, а потоа им дадовме можност самите да реализираат нова облека.
Средношколците работеа со стара облека, со алатки како лепак, игли и конци за шиење, потоа украсни перли, сатенски и тантелни ленти, а со помош на нивните креативни идеи и вешти раце направија интересни дизајни со модерен израз. Учениците сечеа, кроеја, лепеа и украсуваа. Користеа стари машки кошули и од нив правеа сосема нови модели, па дури и здолниште, а од обични памучни маици создаваа интересни марами со реси и ѓердани со апликации. Некои групи работеа со џинс, на пример од стари фармерки дизајнираа шорцеви украсени со шарени циркони или порабени со тантелни ленти. Стари бамбусни аполстолки се претвораа во сандали со врвки, а блузите се трансформираа во трендовски блузони со помош на сатенски ленти и камчиња во боја.
Навистина нè израдува ентузијазмот и креативноста на средношколците, како и нивната подготвеноста да се впуштат во нашиот проект само неколку часа пред официјалниот дел од проградмата, модната ревија на која претставија раскошни креации направени од различен вид на отпад. Погледнете како изледаше нашата креативна дружба и разгледајте ја фотосесијата што со нивните модерни дела.
Нема коментари