Компанијата Pirelli го објави својот годишен календар, кој овојпат е посветен на легендарните претставници на музичката индустрија. Фотографиите се направени од канадскиот музичар и фотограф Брајан Адамс, кој со својо објектив ги улови ѕвездите како Шер, Иги Поп, Грајмс, Џенифер Хадсон, Рита Ора, Бохан Феникс… Фотоприказната го доби името On The Road („На пат“), што е симболично, бидејќи музичарите мора постојано да се движат и да настапуваат во различни градови.
„Кога ќе ја видите оваа фотоприказна, разбирате дека ова е ден во животот на секој уметник, посебен момент од денот, пред или после излегување на сцената, ручек во ресторан, одмор во хотел за време на турнеја. Го снимив секој од ликовите со идеја да покажам токму таков посебен момент“, вели Брајан Адамс.
Календарот Пирели првпат беше објавен во 1964 година и досега има 48 изданија создадени од 37 фотографи. Со текот на годините, календарот на Пирели го промени своето позиционирање и ги напушти стандардите за убавина во обид да ја одрази различноста. Сега наместо разголени топ модели, страниците на календарот ги красат светски ѕвезди, жени и мажи кои постигнале успеси во различни области на активност.
Шер
Иги Поп
Grimes
St. Vincent
Џенифер Хадсон
Нормани
Бохан Феникс
Saweetie
Кали Учис
Нема коментари