
Џејмс Дин фотографиран во 1954 од Рој Шат
Во поп-културата пречестото користење на зборот cool (кул) го менува основното значење. Така, не секогаш кога ќе кажеме дека нешто е cool, навистина е така. Од прашањето „што значи да си кул“ тргнале и од Националната галерија за портрети Smithsonian, кои направиле постановка со називот American Cool. Преку црно-бели фотографии со дел од личностите што со својот имиџ и однесување му даваат смисла на зборот cool, оваа изложба повторно се враќа на темелите. Во своето објаснување од Smithsonian велат дека „Кул е констраст на невисност или на доблесност. Кул е оној кој има харизматична и мрачна страна“. На 11-те фотографии се личности како Џејмс Дин, Френк Синатра, Елвис Присли, Лорeн Бекол, Деби Хари, Мајлс Дејвис, Мадона и други.

Френк Синатра, 1956. Фотограф: Херман Леонард

Елвис Присли, 1956. Фотографија на Роџер Маршуц

Дeби Хари, 1978, фотографирана од Роберт Меплторп

Мадона снимена 1983 година од Кејт Симон

Лорен Бекол фотографирана во 1949 од Алфред Ајсенштаед

Мајлс Дејвис, 1955. Фото: Арам Авакиан

Тони Хок, 1999. Фото: Мартин Шулер

Били Холидеј, 1951, пред објективот на Боб Вилогбај

Жан Мишел Баскија 1986. Фото: Дмитри Кастерини

Волт Витман, 1854-55. Фото: Семуел Холиер
Нема коментари